Видео: Skype почна со превод во реално време

Нова опција која ќе ги руши јазичните бариери

 |  инфодеск  | 

Нова, потенцијално фантастична опција на Skype е претставена пред околу еден месец, а од сега е достапна во продукциска верзија за сите оние кои се регистрирале.

Skype преведувачот во реално време е дефинитивно нешто што многумина ќе привлече во морето на апликации за гласовна, видео и текстуална комуникација да го изберат токму решението на Microsoft. Под мотото “рушиме јазични бариери” од сега сите оние кои се регистрирале за новата услуга можат несметано да го користат Skype “real time translator”. Сепак, моментално во полна верзија ќе можат ова да го користат оние на кои мајчин јазик е англискиот и шпанскиот и тоа на Windows 8.1, бидејќи во актуелната апликација преведувачот нуди гласовни преводи, односно транскрипти, за само овие два јазика. Како изгледа симултаниот превод можете да видите во приложеното видео подолу, кое го објави Microsoft а во кое американски и мексикански ученици комуницираат по пат на Skype.

Сепак, што се однесува на преводот на конверзацијата на текстуални пораки Skype во моментов има база од преку 40 јазици со тенденција на ширење, а иако не е прецизирано кога таа тенденција ќе се шири и на превод на гласовната конверзација, но нема сомнение дека тоа и ќе се реализира во блиска иднина.

Нема сомнение дека со ова Skype ќе привлече поширока популација, бидејќи Microsoft добро го проценил прескокнувањето на јазичните бариери, но и учење на странски јазик, нешто што во денешно време станува стандард. Дури и за оние кои добро владеат со одреден странски јазик ова би можело да им ги подобри вербалните квалитети.

За користење на овој Skype преведувач потребна е регистрација, а тоа можете да го направите на следниот линк

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top