Пиењето алкохол можеби е една од последните големи мистерии на човештвото која еден тим на истражувачи се обидела да ја разреши. Навистина, зошто човекот почнал да пие алкохол?
“Сите аспекти на модерниот начин на живеење, од болките во грбот до претераното земање на шеќер, се резултат на историјата на човечката еволуција”, навел палеонтогенетичарот Matthew Carrigan, лидер на истражувањето и професор на колеџот во Санта Фе на Флорида.
“Се обидовме да дознаеме повеќе за односот човек – етанол, психотропна супстанца која се наоѓа во сите алкохолни пијалоци”, рекол тој а пренесува американската телевизија NBC.
За да увидат кога човекот стекнал способност да зема алкохол, научниците извршиле моделирање на ензимот ADH4, една од состојките во системот за варење која овозможува метаболизација на етанолот. Тие откриле дека ензимот нагло мутирал кога нашите претци го смениле начинот на живеење, односно кога од дрвата слегле на земјата, односно пред 10 милиони години. Во тие тешки времиња, кога храната била во мали количини и недостапна, тие стекнале навика да јадат презреано овошје кое со ферментација преминувало во алкохол.
“Мислиме дека етанолот едноставно бил принуден избор” истакнува Carrigan. “Да можеле да избираат помеѓу гнило и здраво овошје, секако дека би го одбрале второто”, додал тој.
Еден од интересните заклучоци на студијата се однесува на зависноста од алкохол: ако алкохоличарите ги привлекува пијалокот тоа е можеби поради тоа што метаболизацијата на етанолот некогаш одамна претставувало корисна работа за преживување.
Сè на сè, заклучокот е дека алкохолот е резултат на одамнешното собирање на гнило овошје во недостаток на подобра храна.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град