Италијанската полиција запленила рекордна количина на фалсификувани метални евра и издала 12 налози за апсење, објавено e во петокот.
Полицијата открила контејнер со 306.000 парчиња на метални пари од едно и две евра во вредност од 556.000 евра. Експертите велат дека се работи за многу квалитетни копии кои биле изработени во Кина.
Во февруари Европската комисија објавила дека од воведувањето на еврото бројот на фалсификувани метални евра кои се откриени и повлечени од оптек никогаш не бил поголем од 186.000.
Најчесто фалсификувани метални евра се оние од 2 евра, а металните евра се воведени во 2002 година.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град