Нови европски прописи за означување на храната

Заштитата на потрошувачите на прво место

 |  инфодеск  | 

Европските граѓани ќе можат да ги избегнат алергиите, конзумирањето на наноматриии и ќе ги читаат упатствата на храната без помош на лупа, благодарение на новите европски прописи кои стапуваат на сила од 13 декември.

Европскиот челник за здравје и безбедност на храната, Vytenis Andriukatis, истакнал дека новите прописи на прво место го ставаат потрошувачот пружајќи му појасни и поточни информации за храната која ја купува и јаде.

Со оглед на сѐ почести алергии и нетолеранцијата на храната, присутноста на 14 најчести алергени (соја, глутен, млеко, кикирики, ореви…) во иднина ќе мораат да бидат видно означени на сите прехранбени производи, вклучувајќи ја и храната која е пакувана, што значи дека тоа се однесува и на пекари, ресторани и кафулиња.

Кога станува збор за кекси или слатки кои содржат масло и растителни маснотии, производителите ќе мораат попрецизно да кажат дали станува збор за масло од палма, сончоглед или нешто друго.

Присутноста на “произведени наноматерии” во храната, на пример во чоколадните десерти, сувомеснатите производи или супите, ќе мораат исто така да бидат обележани затоа што би можеле да бидат штетни по здравјето.

Се воведува и обврзувачко обележување на потеклото на свежото свинско, овчо, козјо и месо од пернати животни, а до сега тоа важеше само за говедското.

Државата или местото на потекло на главните состојки на производот ќе мораат да бидат наведени на самиот производ. На пример, путер произведен во Белгија со данско млеко ќе мора да биде означен како “произведено во Белгија со данско млеко”

Ќе се означува и потеклото на риба, нејзиното комерцијално име, видот, зоната на улов и видот на мрежата со која е ловена. Јасно ќе се означува датумот за замрзнување и датум ако храната се продава одмрзната.

ЕУ сака да го спречи и фалсификувањето на храната и пијалоците кој е голем проблем.

Со новите прописи ќе се осигураат релевантни инфомации за храната за да не ги збуни потрошувачите кога на одреден начин се прикрива производот и неговиот изглед.

За месните и рибните производи видливо ќе се наведува присутност на додадена вода и протеини од друго животинско потекло. Освен тоа, таквата храна, која остава впечаток дека е направена од едно парче месо или риба, иако се состои од различни делови со додатоци на други состојки, адитиви и ензими, ќе мораат да бидат примерно означени.

Новите обврзувачки прописи за нутритивните декларации, како што е енергетската вредност на храната, содржината на сол, шеќер и маснотии, стапуваат на сила од 13 декември 2016 година. Но, ако производителите доброволно ги наведуваат тие податоци тоа ќе мора да биде читливо и видливо со бројки и букви, а не со пиктограми или симболи, почитувајќи ја минималната големина на фонт.

Сите овие прописи ќе важат и за купувањето преку интернет.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top