Facebook воведува пребарување слично на Google

Функција која несомнено ќе биде дочекана со одобрување

 |  инфодеск  | 

До сега на Facebook можевте да пребарувате поими поврзани со корисниците, страниците на компаниите, групи или слично, но од сега, на најпопуларната мрежа на светот, ќе имате можност за пребарување по клучни зборови односно постови. Имплементацијата на новата опција веќе се употребува, а алгоритмите и начинот на пребарување се многу слични на оние кои ги користат Google, Bing и останатите пребарувачки сервиси. Во моментот кога ќе почнете да пишувате одреден поим во пребарувачкиот дел на Facebook ќе ви бидат понудени најпопуларните резултати поврзани со поимот кој го пребарувате. Од базата на податоци на Facebook ќе добиете предлози за најпопуларни постови, објави, фотографии и сѐ останато. Во компанијата сметаат дека ова е начин да се приближат што повеќе до своите корисници и да им овозможи полесно и побрзо да пронајдат она што ги интересира, а притоа да не го напуштаат својот кориснички профил. Од Facebook порачуваат дека новата функција ќе биде изнимно корисна за мобилните платформи, кои се сѐ поважни и всушност го превземаат приматот во однос на класичниот Facebook.

“Луѓето сакаат да бидат мобилни, сакаат подобро мобилно искуство на Facebook а на нас тоа ни е приоритет, да им се понуди посилно и подобро мобилно пребарување”, појаснил Rousseau Kazi, менаџер за пребарувачки продукти во Facebook. Можностите константно ќе се надоградуваат, а сега, да речеме, можете да изберете дали сакате да пребарувате одреден поим само во кругот на вашите пријатели на Facebook или ќе излезете од тој круг.

Новите опции веќе се достапни на десктоп верзијата на Facebook, а наскоро се очекува дека оваа функција да се продуцира на iOS, а од компанијата најавија дека оваа функција ќе биде достапна на сите корисници во САД и идните неколку недели се очекува Android верзија и ширење на останатите пазари. 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top