Видео: Техно револуција со паметната чаша

Паметна чаша која ја мери количината на внесени течности во организмот

 |  инфодеск  | 

По паметната нараквица која екранот чувствителен на допир може да го проектира на раката, новиот бран на технологијата во облик на паметна чаша би можел да влезе во нашето секојдневие уште подлабоко.

Чашата наречена “Ocup” со помош на сензори и Bluetooth следи колку вода или некоја друга течност внесувате во организмот. Податоците за внесената течност се чуваат и се достапни на корисникот преку апликацијата Ocup.

“Многу луѓе една третина од времето поминуваат на работа, а поради стресот и разните животни обврски лесно забораваат на своето здравје. Освен тоа што работиме на паметни производи, сакаме да го промовираме и здравиот начин на живеење”, рекол Yin Jisheng, извршен директор на Rrioo компанијата, која е творец на оваа паметна чаша.

Оваа иновативна компанија вработила дизајнери од Данска за да ги направат производите, покрај квалитетот и функционалноста,  и со естетска вредност.

Цената на оваа паметна чаша изнесува 110 американски долари.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top