Британската влада одлучила да стави крај на странските компании кои плаќаат минимален износ на данок во однос на прометот кој го отстваруваат во таа земја.
Претставувајќи го извештајот за пресметка пред парламентот, министерот за финансии Џорџ Озборн, најавил 25 % данок за компаниите кои вештачки ја селат добивката во држави со помали корпоративни даноци. Во следните пет години британскиот буџет планира приходи од една милијарда фунти од тој данок. Ова првенствено се однесува на американските компании, како што се Google, Apple, Amazon, Starbuck…а британските медиуми веднаш го нарекле “Google данок”.
Неодамнешната анализа на Financial Times за работењето на седум американски технолошки компании на британска територија покажала дека во 2012 година платиле само 54 милиони фунти данок на 15 милијарди фунти приход од продажба. Последните месеци многу се говореше за праксата на големите компании каде приходите со сметководствени техники ги прикажуваат како приходи на филијали во државите со пониски даночни оптеретувања, на пример Ирска.
Озборн тврди дека компаниите не работат незаконски, но таквата пракса не е чесна спрема британските компании. Но, тамошното здружение на работодавачи не го дели мислењето на министерот. Спрема нивното мислење, потезот на Озборн е причина за загриженост кај глобалните бизнисмени.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град