Samsung брод кој тоне

Пред само една година еден од најмоќните призводители

 |  инфодеск  | 

Откако неодамна објавија дека оперативниот приход им паднал за дури 60%, одделот за мобилни телефони на Samsung го напуштија три клучни директори.

Samsung, пред само една година еден од најмоќните производители на мобилни телефони, од ден на ден бележи сѐ повеќе проблеми. Падот на профитот, најавата на нови уреди, промашени производи, и.т.н. никако не е добро сценарио за компанијата. Иако сеуште држат добар дел од пазарот, Samsung има сѐ поопасна конкуренција која му одзема голем дел од колачот. Ова го потврдуваат и големите оператори кои велат дека луѓето сѐ повеќе го бараат iPhone 6, додека Samsung не е повеќе роба која се бара. Исто така, втор популарен уред е Lumia, а понатаму се бара и по некој HTC, а Samsung не се спомнува како некогаш.

Најновите сознанија се дека одделот за мобилни телефони на Samsung го напуштиле тројца клучни директори, а причината е најлошиот годишен промет во последните три години.

Уделот на Samsung на пазарот веќе трет квартал паѓа, а сѐ повеќе го притиска кинескиот ривал Xiaomi на нискобуџетниот пазар и iPhone на премиум пазарот.

Компанијата очигледно мора хитно нешто да превземе, но прашањето е дали може да се бори со сѐ поголемите барања на купувачите на мобилниот пазар.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top