Видео: Првиот трејлер за Jurassic World со огромен интерес

Огромно интересирање на гледачите на YouTube

 |  инфодеск  | 

Во 1993 година Steven Spielberg го режираше Jurassic Park кој предизвика неверојатно внимание кај публиката што во експресно време стана најуспешен филм на сите времиња, заработувајќи 920 милиони долари во кината ширум светот. Првото место меѓу комерцијалните филмови го држеше дури 4,5 години, а моментално е на деветто место меѓу најуспешните на сите времиња. По првенецот, снимени се уште две продолженија во релативно краток рок, во 1997 и 2001 година. На таа трилогија застана сѐ, но Spielberg заедно со екипата одлучи по 22 години од успешниот првенец да претстави и четврти дел.

Режијата овој пат му е доверена на Colin Trevorrow, додека легендарниот Spielberg е извршен директор на филмот наречен Jurassic World. Во главните улоги настапуваат Chris Pratt, Judy Greer, Ty Simpkins, Jamon Holmes…

Буџетот на филмот би требало да гарантира уште еден спектакл бидејќи на снимањето се потрошени околу 150 милиони долари, а премиерата на филмот е закажана за 12 јуни 2015 година. На YouTube на каналот на Universal Pictures е објавен првиот трејлер кој предизвика огромно интересирање бидејќи за помалку од 24 часа видеото е прегледано скоро 9 милиони пати. Погледнете што нѐ очекува во продолжението на еден од најуспешните филмови на сите времиња.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top