Идни чувари кои ќе се грижат за безбедноста

Сами носат одлука што треба да направат

 |  инфодеск  | 

Пред неколку години Јужна Кореа најави дека за безбедноста во нивните затвори ќе се грижат роботи кои ќе внимаваат на затворениците, а на почетокот на овој месец на настанот “Rise of the robots”, Microsoft прикажа чувари кои ќе се грижат за безбедноста во иднина. Тие чувари – роботи изгледаат како мали вселенски бродови,  ги коментирале К5 роботите на PC Mag, а ги движат компјутери со напредна вештачка интелегенција која следи сѐ што се случува, и ако е потребно превзема акција.

Роботите ги развила американската компанија Knightscope и се опремени со 4 HD камери, бројни сензори и аларми кои им помагаат во одржувањето на безбедноста (за среќа не се вооружени, иако не се исклучува можноста во иднина да носат и оружје), потоа имаат посебна камера која може да отчитува регистрации, 4 микрофони, вграден GPS и поддршка за WiFi. Во Knightscope велат дека К5 роботите се пријателски расположени и ако наидат на престапници на подрачјето каде што патролираат, љубезно ќе ги опоменат да го напуштат тоа подрачје, а ако биде потребно ќе го активираат алармот и ќе повикаат дополнително обезбедување.

Овие роботи можат да го мапираат целото подрачје каде што се движат и во случај на некои необични случувања можат сами да носат одлуки за тоа што треба да се направи.

Големата предност на овие роботи во однос на луѓето е тоа што се поефикасни бидејќи можат да патролираат 24 часа без застој (колку што трае батеријата), а единствена пауза е таа кога им е потребно полнење на батериите, што трае 15-20 минути. Кога се слаби батериите тие сами одат во базата за полнење.

Продажбата на овие роботи би требала да започне следната година и тие би можеле во иднина да станат новите безбедносни чувари кои ќе се грижат за безбедноста на компаниите. 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top