Европскиот парламент не е задоволен со големата доминација на Google на пазарот на пребарувачи и ќе побара одвојување на пребарувачот од другите сервиси на компанијата. Овие информации се објавени на Fiancial Times,а пренесува Cnet, чии новинари го контактирале портпаролот на Европскиот парламент, но од оваа институција сеуште никој не им одговорил, но одговор нема ниту од Google иако наводно биле бесни поради ова.
David Balto, адвокат специјализиран за случаеви со монополи, коментирајќи го ова барање на европскиот парламент рекол дека не може да се сети на некој друг пример во кој некое слично тело на сличен начин реагирало на случај со пазарна доминација како што е оваа ситуација со Европскиот парламент. Во оваа институција се загрижени со големата доминација на Google меѓу пребарувачите со што оваа компанија би можела тоа да го искористи за да им наштети на конкуренцијата (бројни компании со години предупредуваат дека Google при резултатите на пребарување ги форсира своите сервиси и услуги, на штета на конкурентите). Европските регулаторни тела веќе 4 години ги истражуваат овие обвиненија за фаворизирање на сервисите на Google при пребарувањето така што во февруари Google се сложил да ги прикажува своите сервиси на ист начин како и сервисите на конкурентските компании. Самиот Европски парламент нема овластувања со кои би можел да влијае на раздвојување на Google, но на овој начин врши притисок на Европската комисија, извршно тело на Европската унија која би можела да превземе конкретна акција против овој интернетски џин.
Освен за пребарувањето, Google би можел да се најде на удар на европските регулаторни тела и поради Android бидејќи Google со својот мобилен оперативен систем завзема околу 80% од пазарот и прашање е дали оваа компанија и на тој начин влијае на непрописно користење на сервисите на Google во однос на конкуренцијата.
Слични проблеми со американските регулаторни тела имаше и Microsoft во деведесетите околу поврзувањето на нивниот интернет пребарувач, Explorer, со оперативниот систем Windows, но како што е познато, на крајот не дојде до раздвојување на Microsoft во две компании.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град