Пропагандата на џихадистите не познава граници ниту ги признава правата на било кого па така ниту правата на најмладите. Во најновото видео му покажаа на светот какво детство и иднина пружа Исламската држава на децата.
Во видеото кое е наречено “трка кон доброто” се прикажани деца како расклопуваат, составуваат и вежбаат пукање со AK47 – Калашников и им претат на неверниците дека ќе ги убијат. Прикажани се деца како слушаат предавања од Куранот а потоа пристапуваат кон ригорозна воена обука. Едно дете со потекло од Казахстан по име Абдулах покажува неверојатно ракување со Калашников и вежба пукање спрема одредена мета. Истото дете му порачува на светот: “Ќе бидам оној кои ќе ве убие, о неверници. Ќе бидам алахов војник, ќе даде бог”, пренесува News.com.au
Пошокантен момент е оној каде дете, кое има можеби две до три години, држи в рака оружје, кое навидум е играчка но сепак копија на автоматско оружје.
Нивниот учител на видеото вели дека тие деца се идната генерација и дека тие ќе ја тресат земјата и ќе го шират скапоцениот божји закон на сите религии во светот.
Ова пропагадно видео е дело на џихадистичкиот медиум Al-Hayat, кој користи техники слични на холивудските за да ги прикаже своите борци во светло на херои.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град