Договор помеѓу Исламската држава и Ал-Каеда

Овој договор би можел да предизвика нови проблеми

 |  инфодеск  | 

Договорот помеѓу Исламската држава и Ал-Каеда би можел да предизвика нови проблеми за Американците и нивната стратегија во борбата против Исламската држава која се шири на подрачјето на Ирак и Сирија.

Милитантните челници на Исламската држава и Ал-Каеда постигнале договор за меѓусебно ненапаѓање и за обединување на силите во борбата против заедничките непријатели, изјавил високопозициониран сиријски опозиционер, а пренесува Independent.

Тој рекол дека состанокот се одржал на 2 ноември во Атареб, западно од Алеп, на еден имот, а на состанокот присуствувале седумина високи воени челници.

Додека сојузничката коалиција под водство на САД ги напаѓа милитантите од воздух, администрацијата на Обама размислува за помагање на умерените востанички фракции за да ги истиснат исламистите од сиријската територија. Но, ако борците на Исламската држава и Ал-Каеда се обединат, таа цел е многу тешко да се отствари.

Исламската држава завзеде скоро една третина од територијата на Сирија и Ирак во жестоки борби одбележани со брутални сцени на убивање, сакатење, мачење…

Сепак, познавачите на овие прилики тврдат дека овој договор може лесно да се растури затоа што станува збор за групи кои не се сакаат премногу меѓусебе.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top