Пресметано е просечното времетраење на чувствата

Среќни сме 35, а тажни дури 120 часа

 |  инфодеск  | 

Научници од Белгија спровеле студија во која следеле испитаници во секојдневниот живот, ги анализирале нивните емоции, како и интензитетот и нивното просечно времетраење.

Преболување на љубовна врска, смрт на близок или генерално чувството на тага е емоција која има најголемо времетрање кај луѓето, а една од причините за тоа е тоа што таа емоција трае 240 пати подолго отколку другите чувства како што се срамот, изненадувањето, нервозата или досадата, покажала студијата на белгискиот универзитет од Ловен.

Од 27 различни чувства, тагата трае најдолго, околу 120 часа, а следи омразата која во просек луѓето ги држи околу 60 часа, па следи радоста околу 35 часа, заклучиле научниците.

Очајот, надежта, разочарувањето и задоволството траат во просек 24 часа, љубомората 15 часа, олеснувањето 8, ентузијазмот 6, восхитот и благодарноста 5 часа, опуштањето 4, вината 3,5, а стресот 3 часа, заклучиле научниците.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top