Кикириките се права енергетска бомба преполна со калории, но нутриционистите и понатаму препорачуваат нејзина повремена конзумација. Тие припаѓаат во фамилијата на мешункасти растенија а богати се со витамини и минерали кои му годат на здравјето.
–Го намалува холестеролот – Непржените кикирики, односно оние во лушпа, немаат индустриски додадени маснотии и соли па станува збор за здрава намирница со бројни нутритивни својства. Кикириките се богати со здрави маснотии кои го намалуваат холестеролот, го штитат срцето и крвотокот.
–Го урамннотежува шеќерот – Една студија покажала дека внесувањето на кикирики или путер од овие плодови во организмот може да направи рамнотежа на нивото на шеќерот во крвта и така да го спречи развојот на дијабетисот од тип 2.
–Помага при слабеење – Кикириките се една од најпопуларните грицкалки. Ги краси богат вкус кој е многу заситен, а со тоа и добар сојузник во слабеењето. Кога ќе почуствувате глад помеѓу оброците, заборавете на чоколадо и чипс туку посегнете по кикириките.
–Поттикнува помнење – Овие грицкалки се одлична храна за мозокот бидејќи содржат витамин В3 кој ја поттикнува работата на целиот орган и памтењето.
–Богатство со нутриенти – Дозревањето на плодот во заштитната лушпа овозможува кикириките да содржат многу хранливи материи, вклучувајќи и важни минерали како што се цинкот и железото што пак допринесуваат за здравјето на целиот организам.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град