Се гради луксузен ресорт во национален парк

Туристичката населба Porto Skadar Lake e вредна 90 милиони евра

 |  инфодеск  | 

Туристичката населба која првите гости ќе ги прими во 2017 година ќе биде сместена на полуостровот “Бишки реп” кој се наоѓа на местото каде реката Црнојевиќа се влева во Скадарско езеро.

Изградбата на туристичката населба Porto Skadar Lake во Црна Гора, вредна 90 милиони евра, би требало да започне во март идната година, додека првите гости во овој ексклузивен комплекс би требало да дојдат во јуни 2017 година, најавил за Pobjeda Иван Зиндовиќ, претставник на компанијата Montenegro Resort, која го развива овој проект.

Имено, црногорската влада минатата недела усвоила предлог одлука за носење на државна студија за локацијата Mihailovici на која ќе се гради Porto Skadar Lake, со што се створени услови за издавање на урбанистичко-техничка дозвола на инвеститорот. Проектот Porto Skadar Lake го финансира француски претприемач Lionel Sonigo кој работи во регионот веќе 20 години, а во еколошкиот туризам прв пат се обидел во 2008 година кога во Танзанија купил осум хектари земја и отворил Cristal Resort, кој е сличен на овој што сака да го гради во Црна Гора.

Иако местото се наоѓа во зона на национален парк, од Montenegro Resort тврдат дека неба да бидат во конфликт со природата и околината. Планирано е Porto Skadar да има вкупно 457 лежаи, 30 луксузни вили, спа центар, два ресторани, марина за околу 30 бродови и пазар на кој локалното население ќе продава домашни производи, а ноќевањето ќе чини 1.000 евра. За рационално користење на енергијата и водата предвидено е секоја вила да има своја сопствена цистерна за собирање на дождовница, системи за греење на водата со соларна енергија, фотонапонски панели и акумулатори за складирање на електричната енергија.

“Замисливме ова да биде најубавиот еко-ресорт на светот. Ќе ги споиме луксузот и недопрената природа, бидејќи уникатното Скадарско езеро со својата убавина ја пружа таа можност. Богатите гости бараат мир каков што нуди Скадарското езеро, но не сакаат да се одрекнат од луксузот, ниту пак цело време да го проведат во апартманите. Porto Skadar тоа ќе им го овозможи во текот на девет месеци од годината во права дива убавина”, вели Зиндовиќ. Инвеститорот планира за градежните и останати работи да ангажира домашна работна сила, а по отворањето на ресортот се планира да се вработат околу 200 работни места.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top