Цената на златото ги изненади инвеститорите уште во првата половина од 2013 година. Во времето на кризата, златото се чинеше како добра заштита на имотот и заштедите, а тоа и ја имаше таа функција во кризни и воени времиња откако е измислена трговијата.
Меѓутоа, цената одеднаш падна од проиближно 1.700 долари по унца (31,103 грама) на околу 1.200 долари. На многумина тоа се чинеше како добра прилика за купување и дека таа цена не може да оди пониско, но се измамија. Цената и понатаму продолжи со паѓање па минатиот петок изнесуваше само 1,161 долар по унца.
Експертите на берзите предвидуваат и понатамошен пад на вредноста на златото, пишува Deutsche Welle. Златото има уште еден голем проблем, а тоа е што не дава камати. Единствениот смисол на златото е дека самото си има своја вредност а моментално има подобри опции за заштита на имотот и заштедите.
Аналитичарот Chen Min од Jinrui Futures укажува на стопанските податоци од САД. Конјуктурата се поправа, а растат и каматите. Златото е главно оружје на оние кои имаат пари за да се заштитат од инфлација, но од инфлацијата нема ни трага. Во еврозоната таа во октомври изнесуваше 0,3%, а во САД околу 1,5%. Откако FED одлучи да го прекине масовниот откуп на државни обврзници, може да се очекува дека и референтната каматна стапка полека да се зголемува. Тие податоци ја враќаат довербата во доларот и неговата вредност расте во однос на другите релевантни валути.
А тоа пак, колку и да звучи апсурдно, повторно ја руши цената на златото, објаснува Thorsten Proettel од банката Baden-Wurttemberg LBBW. Бидејќи на пример во Јапонија пазарот се затрпува сеуште со многу пари, но за тамошните инвеститори постојат само две алтернативни валути а тоа се доларот и златото. Цената на златото е во пад а цената на доларот расте. Кога станува збор за ова, експертите не ја исклучуваат можноста во догледно време цената на златото да падне и под 1.000 долари за унца, а тоа се смета за рекордно ефтино злато.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град