Терористите на Исламската држава во Ирак и Сирија го користат интернет за да заплашуваат луѓе и да привлечат нови терористи ширум светот за да им се придружат, а притоа често ги користат најпопуларните социјални мрежи како Facebook и Twitter. Ова е голем проблем за борбата против тероризмот, предупредил шефот на британската разузнувачката и безбедносна агенција Robert Hannigan и додал дека во овие компании наместо да превземат некои мерки во борбата против тероризмот, цело време го негираат овој голем проблем, а со тоа им помагаат на терористите.
Поради тоа, тој на овие компании им советува уште поголема соработка со безбедносните и разузнувачките организации и напоменува дека приватноста не е апсолутно право (ова нема да им се допадне на гласноговорниците за приватност на интернет), туку е време да се соочат со вистината и да го дадат својот допринос во борбата против тероризмот. Ако овие компании не сакаат да соработуваат, ќе биде потребно да се донесат нови закони кои ќе обезбедат непречено следење на терористите. Ова британски TheTelegraph го окарактеризирал како досега најголема критика до овие технолошки компании. Освен што ги користат овие сервиси, Hannigan додал, на овие мрежи често се наоѓаат фотографии и видео запаиси со насилни содржини на искористување на децата.
“Приватноста никогаш не била апсолутно право и дебатите околу приватноста не смеат да станат причина за одложување и донесување на итни и тешки одлуки”, смета директорот Hannigan. Терористите на al-Qiada во минатото по пат на интернет дистрибуирале материјали и комуницирале по пат на таканаречената dark-web, но екстремистите на Исламската држава користат многу подиректен пристап за својата пропаганда а тоа се социјалните мрежи.
Така за време на најголемите борби во Ирак, тие објавувале и по 40.000 твитови, а нивните пораки за да ги видат што поголем број на луѓе ги праќале под “хаштази” како “World Cup”, “Ebola” и слични. Robert Hannigan и оваа прилика ја искористил да го нападне Edvard Snowden каде го обвинува дека многу компании и сервиси, благодарение на него, ја користат напредната енкрипција, а пак со неа се служат и се повеќе терористи.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град