Крај на доминацијата

Се отстварува сценариото од “ноќните кошмари”

 |  инфодеск  | 

Во текот на изминатите неколку години на пазарот на мобилни телефони во потполност доминираше Samsung па така оваа компанија константно бележеше пораст на бројот на испорачани мобилни уреди и паметни телефони и раст на профитот. Но, во последно време работите на пазарот во многу нешта се сменија па така сега на Samsung му се заканува, како што го нарекоа на web страницата Bgr, сценарио од ноќните кошмари. На крајот од минатиот месец оваа јужнокорејска компанија ги објави финансиските резултати за претходниот квартал кои откриваат пад на приходите од 20% и голем пад на оперативниот приход од дури 60%.

Исто така, спрема некои последни истражувања, Samsung е единствен од најголемите мобилни компании кој забележал пад и на испораката на паметни телефони ( скоро 11% помалку од истиот период лани), додека на пример Apple, LG, и Microsoft забележале зголемување на бројот на испорака, а најголемо зголемување забележал кинескиот феномен Xiaomi. Оваа компанија која некои ја нарекуваат кинески Apple во ова тромесечие има забележано зголемување на испораката за 267,3% во однос на истиот период лани, со што го завзеде третото место на глобалниот смартфон пазар.

Моменталната ситуација за Samsung не изгледа добро па така аналитичарот Neil Shah оваа компанија ја споредил со Nokia, некогашен гигант на мобилниот пазар, кој со години владееше на пазарот а за кратко време ја изгуби битката со Apple и Samsung. Сценариото на Samsung е прилично слично, и  спрема него од апсолутен лидер, во иднина би можел да стане само уште една компанија која произведувала Android телефони.

Единествен начин кој може Samsung да го спаси од ова сценарио и да го запре падот на продажбата и профитот, се иновациите во оваа компанија како што е закривениот екран, но нивниот интересен модел Galaxy Edge не привлече големо внимание на медиумите и корисниците.

Ќе биде интересно да се следи ситуацијата на пазарот, бидејќи, освен Samsung, проблеми имаат и компании како Sony и HTC и покрај тоа што нивните телефони Z2  и Z3, односно HTC-One беа многу фалени од технолошки аналитичари и новинари.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top