Ако сакате да бидете сигурни дека во организмот внесувате само тоа што е најдобро дознајте зошто би требало да јадете и по некоја маслинка во текот на денот.
–Го штити крвотокот и го зајакнува имунитетот – Маслинките, а посебно црните, се антиоксидант кој делува како чистач на организмот од штетни супстанци. Тие му помагаат на телото да го исфрли холестеролот – лошите маснотии кои се таложат во крвотокот а со тоа ја намалуваат можноста од кардио-васкуларни болести. Исто така, маслиновото масло го зајакнува имунитетот и е совршен сојузник против алергии.
–Помага при слабеење – Маслинката содржи маснотии, но исклучиво само добри кои нашето тело ги апсорбира со задоволство. Тие маснотии не остануваат заглавени во масните станици туку телото ги користи и ги троши па така воедно и помага при слабеење. Маслинката е извонредна грицкалка при оброкот или помеѓу оброците бидејќи ќе ве заштити од премногу јадење на најдобар можен начин.
–Помага против болки и воспаленија – Маслинката, како и непреработеното маслиново масло, содржат силни антиоксиданти, но оваа вкусна и солена намирница го намалува и нивото на болка и делува како лек за ублажување на болка. Исто така, маслинката содржи состојка како што е олеокентал – соединение карактеристично по горкиот вкус, кое има силни својства против воспаление.
–За здрава коса и кожа – Маслинката, како и нивниот нуспроизвод – маслиновото масло имаат неверојатен учинок на нашето тело. Тие содржат голема количина на незаситени масни киселини, како и омега 3 кои ја хранат и хидратизираат кожата и косата. За ова е заслужен витаминот Е кој штити од ултравиолетово зрачење. Маслиновото масло ја негува кожата и косата надворешно така што ја одржува влажна. Може да се користи со нанесување на влажна кожа по туширање или како маска за косата.
–За здравје на системот за варење – Маслинката е богата со прехранбени влакна кои се неопходни за нормална работа на системот за варење, но и со витамин Е и со незаситени маснотии кои ги чистат цревата од слободни радикали. Чаша црни маслинки содржат 17% од дневната доза на влакна кои помагаат при брзото и максимално разградување на храната при варењето.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град