Тенка е линијата помеѓу приватниот и јавниот живот

Три причини зошто можеби е подобро колегите да не ви се пријатели на Facebook

 |  инфодеск  | 

Во време на интернет и социјални мрежи тенка е линијата помеѓу приватниот и јавниот живот. Како тоа делумно да се спречи? Можеби е подобро колегите од работа да не се ваши пријатели на Facebook, пишува во коментар на Linkedin маркетиншкиот експерт Soham Wagh.

Според него овие се три причини за тоа:

Завист – Многумина на Facebook објавуваат животни случки како што се нова куќа, нова кола, фотографии од патувања во странство…Меѓутоа во канцелариското опкружување тоа може да резултира со завист бидејќи немаат сите еднакво успешен живот, ниту еднакви можности. Зависта е опасна бидејќи може да ги наруши добрите односи на работното место, наизглед без посебни причини.

Нарушување на имиџот – Многумина на работното место се трудат да направат одреден имиџ или перцепција за себе. Ако на Facebook се однесувате и комуницирате драстично поинаку отколку во канцеларијата, вашата изградена слика може многу лесно да се распадне. На пример, ако во канцеларија важите за стрплива личност која знае да се контролира, вашиот имиџ може да го нарушите со саркастичните, изнимно критички и емотивни статуси кои ги објавувате на Facebook.

Непотребни конфликти – Во канцеларија можеби не разговарате за политички и религиозни погледи, но и слични ставови, меѓутоа на Facebook веројатно за такви и слични теми зборувате многу поотворено. Тоа потенцијално може да ве доведе до непотребни конфликти со колегите на работа кои не го делат вашето мислење.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top