Чадор на иднината

Необичен чадор кој корисникот го штити со воздух

 |  инфодеск  | 

Група на кинески инженери и дизајнери направија необичен чадор кој корисникот го штити од дожд со помош  на воздух.

Експерти по аеронаутика од Нанкинг и Пекинг креирале чадор кој користи воздух наместо платно,  а неговиот врв го испушта воздушниот штит кој не само што штити од падавини туку овозможува непречен преглед на околината.

Тимот на истражувачи кој за својот футуристички проект собрал 25.000 долари преку онлајн платформата kickstarter, реализирал три прототипа: мал модел, долг 30 цм и тежок 500 грама, со автономна батерија која трае 15 минути, класичен модел кој е долг 50 цм и тежок 800 грама со 30 минутна батерија и голем модел кој може да се склопува со рачка до 80 цм должина.

Како што пренесува Huffington Post, сите три модели се успешно тестирани, но инженерите имаат намера да ги подобрат пред да ги пуштат на пазарот за десетина месеци.

Сите оние кои сметаат дека имаат потреба да го гледаат небото додека врне, а притоа да останат на суво, ќе можат да го купат овој чадор по цена од 80 до 100 евра, со гаранција од 18 месеци.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top