Превенција од ебола во Србија

Во Србија под надзор 708 лица

 |  инфодеск  | 

Како мерка за превенција и оневозможување на ширење на вирусот ебола, во Србија, под здравствен надзор се ставени 708 лица, од кои 92 допатувале од подрачјата загрозени со тоа заболување, соопштило министерството за здравство на Србија.

“Следејќи го движењето на епидемиолошката ситуација на еболата и препораките на Светската здравствена организација (WHO), до сега, во координација со министерството за здравство, се превземени сите неопходни мерки за превенција и оневозможување за влез на вирусот ебола во Србија”, истакнато е во соопштението.

Како што се наведува, по појавата на првиот случај на ебола во Европа, во здравствениот систем на Србија, во склад со препораките на WHO, цитираме – “потребно е да се засилат превземените мерки”.

Министерството за здравство за таа цел превзело и “мерки на безбедност со додатни количини на заштитна опрема”, се истакнува во соопштението.

Белградските медиуми веќе известија и за смртниот случај на Британец  во Скопје, кој е пренесен во болница со наводни симптоми на ебола.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top