Фотографијата на тајфунот Vongfong, чии ветрови достигнуваат брзина од 194,46 km/h и бранови со висина од 15,25 метри, е снимена од меѓународна вселенска станица.
Тајфунот се движи кон Јапонија, а се стравува дека би можел да биде силен како тајфунот Haiyan кој минатата година усмрти повеќе од 8.000 лица на Филипините.
Се проценува дека тајфунот во наредните денови ќе се засили и дека ветровите ќе достигнат брзина од 260 km/h. До сега предизвикал мали штети, но експертите предвидуваат дека, овој викенд, би можел да го загрози јапонскиот остров Окинава.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град