Дали се ова причините поради кои Турција не ја напаѓа Исламската држава

Турција досега не превзела никакви мерки против Исламската држава

 |  инфодеск  | 

Коалицијата на чело со САД е сконцентрирана на воздушни напади околу сиријскиот град Кобани, но сојузникот на НАТО, Турција, сеуште не превзела никакви мерки за стопирање на Исламската држава. USA Today издвоил пет можни причини за неделувањето на Турција.

Лутина спрема Америка – Турскиот претседател Таип Ердоган е фрустриран бидејќи САД не се замешале во тригодишната цивилна војна во Сирија сѐ додека радикалите на Исламската држава не превзеле големи делови на Ирак. Ердоган ги повика тогаш САД да им помогне на сиријските умерени сили да го урнат режимот на сиријскиот претседател Башар ал Асад, но не сакал пак да ги прати своите војници во борба.

Лутина спрема Курдите – Кобани е во рацете на курдската фракција чии водачи во Дамаск никогаш не се приклучиле во борбата за рушење на режимот на Асад. Асадовиот режим во последните три години не го напаѓаше градот. “Сега на Кобани му треба Турција, но Турција одговара: Се коцкавте три години и повикувавте на автономија без да се консултирате со нас, така што и ова е дел од коцкањето. Сега сте препуштени сами на себе”, објаснил Илхан Танир, дописник на турскиот Vatan.

Недостаток на доверба – Турција 30 години се бори со сепаратистичкото движење на Курдите, PKK. Курдската фракција на чело на Кобани, PYD, е поврзана со PKK кој Ердоган го гледа како еквивалент на Исламската држава. Како резултат на тоа, владата стравува дека доколку осигура помош за курдските борци, таа би се употребила против Турција.

Загриженост од тероризам – Милитантите, оружјето и борците ги усмеруваа преку Турција. Исламската држава и Ал Каеда во Сирија имаат изградена мрежа во Турција. “Ако Турција ја нападне Исламската држава во Сирија, би можело да дојде до сериозен одговор во самата Турција, а Турција не сака да превземе таков ризик”, рекол Танир.

Врски со Исламската држава – “Турските безбедносни и разузнувачки служби можеби имаат врски со милитантите на Исламската држава. Групата ослободи 46 турски дипломати кои ги киднапира еден ден пред воздушните напади кои ги започна САД. Можно е Турција да знаела дека ќе започнат воздушни напади па ги притиснала своите контакти во Исламската држава за да ги пуштат дипломатите. Тоа подразбира дека Турција има големо влијание или посилни врски со Исламската држава отколку луѓето мислат”, вели Танир.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top