Apple вчера официјално објави дека за една недела ќе одржи конференција на која ќе претстави нови производи, и готово сигурно е дека тоа ќе бидат новите модели на iPad, а веројатно подобрени модели на iMac и Mac компјутери. За љубителите на Apple најинтересни ќе бидат информациите за новиот модел на iPad Air кој во продажба би можел да се појави до крајот на октомври.
Овој модел би требало да има помоќен хардвер (нов А8 процесор), подобра камера и touch ID сензор за препознавање на отпечатоци од прсти. Кон крајот на минатата недела на еден виетнамски блог се објавени и првите фотографии на новиот модел кои ги потврдуваат шпекулациите дека уредот е полесен и потенок (7 мм).
Фотографиите откриваат дека iPad Air 2 нема копче за заклучување на екранот, што е промена во однос на досегашните модели. Овие копчиња се најверојатно тргнати за да може уредот да биде толку тенок, а опциите наместо физички, најверојатно ќе се управуваат по пат на допир на чувствителниот екран.
На TechCrunch напоменуваат дека Apple вградил Touch ID сензор во овој модел на таблет за во иднина да може да се користи со нивната Apple Pay услуга која од следниот месец ќе биде достапна на корисниците на Apple уредите.
Овој виетнамски блог во минатото се покажа како прецизен извор на информации кога ги објавуваше фотографиите на iPhone 4S, 5C и 5Ѕ, така што можеме да очекуваме дека и Air2 ќе изгледа како на овие фотографии.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град