Во видеото каде џихадистите го убија британскиот заложник, хуманитарецот Alan Henning, е најавено убиството на следниот затвореник, Американецот Peter Kassig. И повторно со порака до претседателот Барак Обама.
“Обама, ти почна со бомбардирање. Затоа иамаме право и понатаму да им ги сечеме вратовите на твоите Американци”, порачал во видеото исламист облечен во црно.
Обама го осудил убиството на Бритенецот Henning.
“Неговите убијци, како и убијците на Jim Foley, Steven Sotloft и David Haines ќе ги доведеме пред судот”, порачал американскиот претседател по објавата на видео записот со најновото убиство.
За Peter Kassig се знае дека е во средните 20-ти години и дека е од американската држава Индијана, а по отслужувањето на воениот рок во Ирак, работел како волонтер во болницата во Либанон. Потоа основал своја хуманитарна организација во Сирија за достава на помош во таа земја. Исламистите го грабнале во октомври 2013 година во источна Сирија.
Неговата фамилија вели дека Peter, откога е во заробеништво, се преобратил на исламот и го зел името Abdul-Rahman. Тоа го дознале од поранешни заробеници кои некое време поминале со него, а рекле и дека верата му давала некаква утеха во заробеништвото.
Неговите родители, Ed и Paula Kassig, порачале на јавноста да се моли за нивниот син.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град