Првиот производ, кој е продаден во 35.000 примероци, на Bellabeat беше и повеќе од успешен, а сега од компанијата објавја дека излегуваат со три нови гаџети, воедно и една од најинтересните гранки на технологијата.
Bellabeat, порано познат како BabyWatch, освоил награда за најдобрар стартап на сплитскиот Shift минатата година, како и на Pioneer фестивалот во Виена, за покасно да осигура инвестиција од 4,5 милиони долари, и да стане дел од Ycombinator акцелераторите.
Со добра сума на пари во позадина, Bellabeat овој пат тргнува со три нови производи, Shell, Balance и Leaf.
Shell го замени досегашниот гаџет, кој е ергономски и дизајнерски унапреден, а овозможува слушање, снимање и запишување на отчукувањата на срцето на детето, и свирење на музика која опушта.
Balance е вага за трудници која овозможува пратење на тежината на апликација од смартфонот и притоа овозможува и следење на вежбите за трудници.
Leaf е моден додаток кој го следи дишењето, за да може да се знае кога сте под стрес, вибрира кога сте предолго неактивни и на мајките им овозможува следење на нутриционистичките вредности и на самото здравје. Освен тоа, Leaf овозможува и следење на вашиот сон, па така можете да видите дали и како сте спиеле во текот на ноќта.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град