Референдумот суспендиран до одлуката на уставниот суд

На одлуката би можело да се чека со години, но Каталонците не попуштаат

 |  инфодеск  | 

Централната влада во Мадрид побарала од судот референдумот во Каталонија да се прогласи за неуставен, бидијќи го крши уставот на Шпанија. Иако на уставниот суд ќе му требаат години за да ја донесе конечната одлука, референдумот е суспендиран со самата одлука судот да го прифати овој предмет. Портпаролката на судот рекла дека 12 судии донеле одлука по едночасовен итен состанок.

На историскиот плоштад Sant Jaume, во центарот на Барселона, каде се наоѓа канцеларијата на градоначалникот и регионалната влада, огромна штоперица од саботата го одбројува времето до 9 ноември, кога Каталонците треба да се изјаснат за отцепување од Мадрид.

По вонредниот состанок на владата, премиерот Mariano Rajoy посегнал по уставниот суд за да ја стопира иницијативата на Каталонија која се смета за противуставна.

“Жалам за таа иницијатива бидејќи е спротивна на законот и ги преоѓа границите на демократија, внесува поделба меѓу Каталонците, ги оддалечува од Европа и остатокот на Шпанија”, рекол Rajoy на конференција за новинарите.

Од друга страна, Каталонскиот претседател Artur Mas во саботата го потврдил одржувањето на референдумот.

“Процесот не се завршува со одлуката на уставниот суд…нашата задача е да гласаме на 9 ноември”, рекол лидерот на републиканската левица Oriol Junqueras. Таа партија најсилно го заговара отцепувањето на Каталонија, најбогатата шпанска регија. На гласањето се повикани 5,5 милиони гласачи постари од 16 години. Цената на референдумот е проценета на 8,9 милиони евра.

Иако политичките аналитичари очекуваат дека одлуката на уставниот суд ќе предизвика вонредни избори, Mas не дал никакви знаци на попуштање. Мнозинството на Каталонците сака референдумот да се одржи и се охрабрени од тесниот резултат за независност во Шкотска.

Во исто време кога заседавал уставниот суд, Mas претставил во Барселона “бела книга”, документ кои се состои од 18 поглавја за одбраната, социјалната сигурност, трговските односи и финансиската одржливост на каталонската држава, како и интеграцијата во рамките на ЕУ и меѓународната заедница.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top