Дали ќе има референдум во Каталонија?

Референдумот за независност противуставен

 |  инфодеск  | 

Владата во Шпанија категорично, во саботата, го отфрли одржувањето на референдумот за независност на Каталонија и рекла дека тој нема да се одржи.

“Тој референдум нема да се одржи бидејќи е противуставен”, рекла заменик премиерот Soraya Saenz de Santamaria на прес конференцијата за новинари. Владата ќе се состане во понеделник и ќе ја формализира забраната за гласање.

“На сите Шпанци е да одлучат што е Шпанија и како таа ќе се организира, и никој не е над суверената воља на шпанскиот народ”, рекла Santamaria.

Од друга страна, претседателот на шпанската покраина  Каталонија, Artur Mas, потпишал уредба за одржување на референдум за независност на 9 ноември.

Каталонија е богат североисточен регион кој учествува со една петтина во шпанското стопанство, има посебен јазик и култура и долго се бори за независност. Анкетите покажуваат дека  референдумот во големо мнозинството ќе биде успешен.

Претседателот на покраината, Mas, ја потпишал уредбата на свеченост во зградата на каталонската влада во Барселона, опкружен со членови на владата и политички сојузници во кампањата за независност.

“Каталонија сака да зборува, сака да се чуе. Сега е вистинското време и имаме правна рамка тоа да го направиме”, рекол Mas во говорот на каталонски, шпански и англиски јазик.   

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top