Американските разузнувачи минатата недела изнеле информација како милитантите на Исламската држава заработуваат три милиони долари на ден. Ова се начините со кои ги финансираат своите активности.
-Богати донатори – Како и многу милитантни групи во Сирија и Исламската држава во голема мерка зависи од донациите на богатите симпатизери кои во својот револт против претседателот Башар застануваат на страната на сунитските милитанти. Повеќето пари се собираат на територијата на земјите на Арапскиот полуостров а потоа на турско-сиријската граница се предаваат во рацете на исламистите. Освен приватните донатори, милиони во рацете на IS се слеваат од владите на Саудиска Арабија, Катар и Кувајт.
-Грабежи – Откако во јуни започна масовната офанзива во Ирак, Исламската држава завзеде територии на Ирак и Сирија со големина колку Велика Британија. На тоа подрачје милитантите украле милиони долари од банките и разни материјали од воените структури.
-Криумчарење и даноци – На подрачјето кое го завзедоја милитантите почнале да наплатуваат даноци. Спрема пресметките на Советот за надворешни работи, IS од малите и големи компании, дури и пред завземањето на Мосул, заработувала околу 8 милиони долари месечно. Постојат докази и дека оваа група заработува од илегална трговија со антиквитети. Меѓу предметите кои ги криумчареле и продале се наоѓаат предмети стари и по 8000 години.
-Нафта – Најголемиот извор на приходи на Исламската држава е токму нафтата. Милитантите вадат сурова нафта од десетина нафтени полиња кои ги окупирале во Сирија и Ирак. Таа сурова нафта директно ја продаваат или во помали количини ја праќаат во мали рафинерии кои од неа произведуваат горива со слаб квалитет а кое го продаваат или криумчарат на црниот пазар. Спрема некои пресметки милитантите дневно произведуваат помеѓу 25.000 и 40.000 барели нафта кој на црниот пазар постигнуваат цена од 1,2 милиони долари.
-Киднапирања и откуп – Исламската држава заработила милиони од трговија со луѓе и нивен откуп. Иако САД и Британија имаат политика со која на терористите не им плаќа откупнина, некои други европски влади платиле и седмоцифрени суми за да ослободат некои свои сограѓани, пишува Huffington Post.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град