Проценките ги направил Американскиот центар за контрола и превенција на болести (CDC), a се втемелени на епидемиолошкиот модел кој ја зема во предвид бројката колку лица се евентуално заразени, а изработени на база на податоците од август оваа година.
Помеѓу 550.000 и 1,4 милиони луѓе во светот би можеле да се заразат со вирусот на ебола до февруари 2015 година, стои во известувањето на CDC објавено вчера.
Најголемата проценка од 1,4 милиони се темели на ставот дека официјалната бројка на заболени која е 5864 лица а спрема податоците на Светската здравствена организација таа бројка е потценета и дека всушност е 2,5 пати поголема, односно дека се заразени повеќе од 20.000 луѓе.
Тие, меѓутоа, не ги земаат во предвид напорите на американската влада во сузбивањето на еболата, вклучувајќи го и праќањето на 3.000 војници во регионот погоден од хеморагијската треска.
“Опсежни и итни акции, како онаа која е веќе покрената, можат да ја доведат епидемијата до онаа точка во која бројот на случаеви ќе почне нагло да опаѓа”, наведува CDC во соопштението.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град