Anonymous ѝ објавија војна на Исламската држава

Планираат напади на неколку држави кои ја поддржуваат ISIS

 |  инфодеск  | 

Хакерската група Anonymous почнала кампања против Исламската држава на интернет. Во ексклузивно интервју за France24 еден од членовите на Anonymous рекол дека нивната цел е заштита на беспомошните во сајбер просторот но и во реалниот свет.

“Сакаме да предупредиме на тоа дека ситуацијата во Ирак е критична. Исто така, сакаме да обрнеме внимание на фактот дека САД директно или индиректно се виновни за оваа криза во Ирак што ја имаме во моментов. Сакаме да покажеме дека Исламската држава не е исто што и исламската религија”, рекол Anonymous кој се појавил во веќе препознатливата маска на лицето.

Изјавил и дека меѓу акциите кои се планирани се и нападите на неколку држави кои ја поддржуваат ISIS, особено финансиски. Меѓу нив се Турција и Саудиска Арабија.

“Предупредуваме и дека, доколку продолжат да ја потпомагаат Исламската држава, ќе бидат присилени да ја уништат нивната виртуелна инфраструктура. И да, имаме луѓе кои тоа можат да го направат”, порачал Anonymous.

Голема пропаганда на ISIS се одвива на интернет каде се расфрлаат со своите (не)дела и токму затоа сајбер просторот е нивната Ахилова пета. Twitter веќе блокирал исламистички профили, но Anonymous се одлучиле за друга метода. Ги разоткриваат на нивни терен.

“Сакаме да покажеме дека тие луѓе се измамници и лажливци. Тие се само гангстери кои го присвоија исламот како религија, но тие со тоа и со нејзините вредности немаат никаква врска. На почетокот на операциите планираме да ги хакираме сметките на некои членови на ISIS. Но, така би ги блокирале информациите. Затоа одлучивме да им одговараме, кажувајќи ја правата вистина за нив. Некогаш и тие нам ни одговараат, некогаш не, но не можат да се борат со вистината”, заклучил Anonymous.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top