Во Каринс, Австралија, каде се одржува состанокот на министрите за финансии на групата G20, под будно око на полицијата се собраа протестанти опремени со транспаренти на кои пишува “Обновливо” и “Промени веднаш”.
Маршот во Мелбурн, е една од 2.600 поворки планирани во 159 земји во светот, привлече повеќе десетици илјади луѓе.
Собирите посветени за потребите за поодлучна борба против климатските промени се одржуваат и во Канбера, Сиднеј и Дарвин.
Во Њујорк ќе се одржи главниот марш кој е наречен “најголем климатски марш во историјата” а во него ќе учествува и главниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-Мун.
Огромната поворка на која се очекуваат околу 100.000 луѓе ќе бара превземање на итни мерки во борбата со климатските промени.
Големи маршеви се планирани и во Лондон, Јоханесбург, Њу Делхи и Рио де Жанеиро.
Повеќе од 120 претседатели на држави и влади се очекуваат во вторник во Њујорк на самитот на ОН со кој се сака да се даде нов поттик на меѓународните преговори за глобалното затоплување. Не станува збор за преговарачки собир, туку учесниците ќе објават што ќе превземат за да го олеснат сеопфатниот договор на меѓународната конференција која на таа тема ќе се одржи во Париз кон крајот на 2015 година.
ОН со гордост потенцира дека ова ќе биде најголем собир со концентрација на светски политички челници кој некогаш се собрал на темата климатски промени.
Генералниот секретар Бан Ки-Мун порачал дека е крајно време за акција – што повеќе чекаме, ќе платиме поголема цена со изгубени животи и пари.
Вниманието ќе се усмери на големите земји во развој, пред се Кина и Индија, кои се најголеми загадувачи во светот и не изразуваат добра воља за намалување на емисиите на гасови, за да не го успорат својот економски раст.
Но, специјалниот пратеник за климатски проени во ОН, Mary Robinson, укажува на фактот дека Gao Li, е трет по важност кинески политичар и најголем авторитет по прашањето за климатски промени и развој. Исто така наведува дека од собирот во Њујорк очекува поголем политички ангажман, но и конкретни иницијативи како онаа за воспоставување на тарифи за јаглен диоксид.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град