Дознајте како е најефикасно да се исушат рацете по миењето

80% од заразните болести се шират од рацете

 |  инфодеск  | 

Одамна е познато дека 80% од заразните болести се шират преку рацете, поради што нивното миење со вода и сапун е многу важно. Но, научниците неодамна утврдиле дека за потполно уништување на бактериите по миењето е важно и сушењето или бришењето.

Имено, ако рацете се измијат темелно со сапун сигурно е дека трагите од бактерии повеќе ги нема, независно од тоа на кој начин ќе ги исушите подоцна. Најлошо што можете да направите е да не ги измиете или да ги измиете без сапун, бидејќи и понатаму рацете ќе ви бидат расадник на бактерии.

Но, тоа не е сѐ. Ако рацете по темелното миење со сапун и вода не ги исушите како што треба, сеуште не сте заштитени ниту вие ниту околината од пренесувањето на предизвикувачите на заразни болести, бидејќи бактериите најдобро се пренесуваат и се размножуваат на влажна кожа.

Ако се верува на научниците, рацете по миењето најдобро е да се избришат со хартиена крпа. Се покажало дека на просечна машина за сушење на раце ѝ треба 45 секунди за да се намали влажноста на рацете за 97%, а хартиената крпа истиот ефект го постигнува за десетина секунди. Истражувањето покажало и дека испитаниците кои користеле машина за сушење биле нестрпливи и рацете со нејзина помош ги сушеле просечно околу 22 секунди.

Поефектно отстранување на бактерии се постигнува и со триењето додека се бришеме со хартиената крпа, а студијата покажала дека машините за сушење можат да бидат преносители на нови бактерии поради контаминираниот воздух во одредено опкружување.  

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top