Вака се казнуваат коцкари по шеријатскиот закон

Уапсени и казнети се осуммина мажи поради коцкање

 |  инфодеск  | 

Во комплексоот на една џамија во Индонезија, осуммина мажи брутално се удирани со стап пред повеќе од илјада луѓе. Причината е дека го прекршиле законот со коцкање.

Државниот обвинител прво на глас им го прочитал законот а потоа излегол маскиран маж во кафена  облека кој ја спровел казната. Секој од нив осуммина добил по пет брутални  удари со стап по грбот.

Мажите биле уапсени поради коцкање а кај нив биле пронајдени пари во вкупна вредност од 105 евра, јавува DailyMail.

Претходно казната за ваков прекршок била осум удари со стап но подоцна била намалена. Ова било седмо јавно казнување од овој тип откако оваа одредба на шеријатскиот закон  била воведена во градот Banda Aceh.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top