Австралија на нозе

Закани за терористички напади 

 |  инфодеск  | 

Австралиските разузнувачки служби утврдиле дека исламистичките екстремисти планираат да ги нападнат австралиските политичари и владини згради, само еден ден откако полицијата привела петнаесет лица во најголемата противтерористичка операција организирана досега во таа земја.

Пемиерот Tony Abbott во говорот кој го одржал во парламентот рекол дека наредил да се засилат мерките за безбедност поради потенцијални напади на австралиски државјани кои станале џихадисти за време на престојот во Ирак или Сирија.

Неколку стотици полицајци и припадници на тајните служби упаднале во станови и деловни простории во предградијата на Сиднеј и Брисбејн.

Неформална комуникација на социјалните мрежи помеѓу екстремистички групи покажале дека потенцијални мети се австралиските политичари, рекол Abbott. Токму затоа ја засиливме безбедноста околу зградите на парламентот во Канабера и ангажиравме поголем број на полицајци.

Австралиските власти стравуваат за безбедноста на своите граѓани поради големиот број на австралиски граѓани кои им се придружиле на џихадистите, а меѓу нив бил и бомбаш самоубиец кој во Багдад во јуни убил три лица, како и двајца мажи чии фотографии се прошириле на социјалните мрежи.

Се претпоставува дека околу 160 австралиски државјани активно ги поддржувале или учествувале во борбите на Блискиот исток, а се верува дека најмалку 20 се вратиле во Австралија поради кои за прв пат е подигнат степенот за терористичка закана на “висок”.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top