Погледот вперен во телефоните и успореното движење, често се опасност во сообраќајот поради намалено внимание, но во Кина се обидуваат тоа да го решат.
Имено, на патеките за велосипедисти или пешаци се нешто на што сме навикнати, но во кинескиот град Chongqing сега направиле патека за луѓе кои одат по градот со погледот вперен во телефон.
Дел од тротоарот во градот е исцртан со предупредување “на оваа патека се движите на сопствена одговорност”. Ова е обид луѓето да се одвратат од гледање во екраните додека се движат низ градот. Но, прашање е колку овој потез ќе биде успешен. Кинеските медиуми пренесуваат дека оваа патека за мобилни телефони веќе е многу критикувана тврдејќи дека само повеќе поттикнува на оваа лоша навика и би можела да предизвика нови несреќи.
Слична патека се појавила оваа година и во Вашингтон, но неа ја обележи National Geographic за потреби на снимање на документарен филм.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град