Овие броеви му донесле 61 милион евра

Станува збор за рекордно најголемата добивка во историјата на Eurojackpot

 |  инфодеск  | 

Најголемата главна добивка на лоаријата Eurojackpot, во износ од 61,2 милиони евра, му припадна на среќен добитник од Финска кој ги погодил бројките 2,9,17,25 и 29, а дополнителните броеви биле 3 и 5, објавено е во саботата.

Финска очигледно е најсреќната европска земја бидејќи и досега најголемата добивка на Eurojackpot, во износ од 57,3 милиони евра, ја освоиле десетмина среќници од таа земја кои играле заедно, јавила агенцијата dpa.

Лотаријата Eurojackpot се игра во 14 европски земји и тоа во Финска, Хрватска, Данска, Норвешка, Шведска, Холандија, Германија, Естонија, Исланд, Италија, Летонија, Литванија, Шпанија и Словенија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top