Исламската држава има помеѓу 20.000 и 31.500 борци во Сирија и Ирак, по новите проценки на американската разузнувачка агенција, а се темелат на извештаите на сите разузнувачки извори во периодот помеѓу јули и август, рекол портпаролот на агенцијата Ryan Trapani.
Претходно проценивме дека има најмалку 10.000, рекол тој. Спрема друг американски разузнувачки извор, во Сирија има 15.000 странски борци, меѓу кои 2000 од западните земји.
CIA ова зголемување на бројките го припишува на “енергичното регрутирање на луѓе од јуни наваму, откако се извојувани победи на теренот, прогласувањето на калифатот, по интензивните активности во борбите и новите разузнувачки извори”, рекол Trapani. Исламската држава прогласи калифат кон крајот на јуни во делови на Ирак и Сирија.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град