Првиот смартфон на Amazon, “Fire”, кој беше претставен оваа година, сега се нуди за 99 центи со двегодишен договор, пишува NewYork Times.
Иако на овој производ работеа илјадници работници, скоро 4, години и се очекуваше продажба помеѓу еден и два милиони апарати, се чини дека влезот на Amazon на пазарот на смартфони беше преголем залак.
Двете карактеристични функции на Fire се динамичката перспектива која пружа своевиден 3D и Firefly која овозможува скенирање на производите за полесно купување на Amazon.
Иако цената падна на 99 центи, Fire и понатаму доаѓа со едногодишен Amazon prime пакет кој нуди бесплатна испорака на артикли како и широк избор на бесплатни филмови, книги и музика.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град