Deutsche Telekom ја шири својата дејност

Компанијата влегува во бизнисот со обложување

 |  инфодеск  | 

Deutsche Telekom, сопственикот на T-mobile и T-home во Македонија, сака да го прошири работењето и во спортското обложување, објавил германскиот весник Suddeutsche Zeitung.

Ова засега е ограничено само на Германија каде операторот потврдил дека ги направил сите припремни работи. Во идните две недели ќе се знае дали германските власти ќе ѝ одобрат концесија за обложување на компанијата Deutsche Sportwetten GmbH. Од Deutsche Telekom потврдиле, доколку тоа се случи, планираат да го превземат мнозинскиот пакет над таа компанија за обложување. Додаваат дека за овој потез веќе добиле одобрение од надлежната агенција за хартии од вредност.

“Deutsche Telekom е многу заинтересиран за влегување на пазарот на спортско обложување, кој сѐ повеќе расте, но сеуште не е познато кои производи ќе ги нудиме”, соопштиле од Deutsche Telekom.

Тие исто така соопштиле дека државата издава 20 концесии за обложување и дека компанијата Sportwetten е моментално 11 на пописот.

Весникот, Suddeutsche Zeitung,  меѓудругото наведува и дека интересот на Deutsche Telekom, односно компанијата која се занимава со сосема друга дејност, сепак е изненадување.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top