Рускиот премиер, Дмитриј Медведев, рекол дека на било какви нови санкции ќе се одговори “асиметрично”, можеби и со забрана на прелети на авиони над руското небо, ако нејзините западни партнери продолжат со “искушенијата да користат сила во меѓународните односи”.
Во интервју за дневниот весник Ведемости, Медведев рекол: “Ако бидат воведени санкции поврзани со енергетскиот сектор, или понатамошни рестрикции кон рускиот финансиски сектор, ќе мораме да одговориме асиметрично”.
Европската унија договорила нови стопански санкции кон Русија кои би требало да стапат на сила од денес, но исто така европските официјални лица рекле дека санкциите би можело да се суспендираат ако Москва покаже дека е спремна на конструктивно решение за конфликтот во Украина, каде во борбите на украинските сили и проруските сепаратисти се загинати скоро 3000 луѓе.
Медведев рекол дека кризата во Украина продолжува, и дека сите страни треба да ја искористат можноста и да ги прифатат мировните предлози на рускиот претседател Владимир Путин.
“За жал, Украинската криза продолжува, што е страшна трагедија. Се надевам дека кризата може да се реши, ако украинските челници покажат добра воља и ги прифатат предлозите кои ги изнела Русија”, рекол Медведев.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град