Сите полуделе по овој телефон

На интернет распродаден за четири секунди

 |  инфодеск  | 

Во продажба биле пуштени 40.000 апарати кои биле распродадени за 4,2 секунди, а вкупната побарувачка за овој Redmi 1S на Xiaomi била околу 250.000 апарати.

Xiaomi за кратко време премина пат од “само една од многуте кинески компании” до еден од најпопуларните производители на мобилни телефони во светот. Поради копирањето на апаратите од Apple оваа компанија е наречена кинески Apple, а нејзиниот шеф, кој новите производи ги претставува во сини фармерки и црна маичка, го нарекуваат кинески Steve Jobs.

Нивните телефони наголемо се популарни во Кина а следниот чекор на Xiaomi е ширење на меѓународниот пазар, а еден од пазарите на кои се достапни нивните телефони е Индија каде оваа недела беше најавен почетокот на продажбата на нивниот нов Redmi 1S. Од Xiaomi се пофалија со невеојатна побарувачка за овој модел, чија цена во Индија изнесува околу 100 долари, а во таканаречената flash продажба на интернет, Redmi 1S  бил распродаден за 4,2 секунди.

Многу корисници во Индија останале разочарани дека не успеале да го купат саканиот телефон и се лути на Xiaomi кој во продажба пуштил само 40.000 апарати, а повеќе од 250.000 изразиле желба да го купат – можеби ќе имаат повеќе среќа на следната flash продажба за која е отворено регистрирањето.

За разлика од конкурентските компании и големите вложувања што ги прават во маркетингот, Xiaomi  се потпира на своите корисници на социјалните мрежи кои ги шират информациите за компанијата и нејзините телефони, и на ваков начин со брза продажба секогаш имаат успех.

На Cnet велат дека Redmi 1S е привлечен телефон кој носи одлични опции по пристапна цена – работи на 1,6 GHz Snapdragon 400 процесор, има 8 GB меморија, камера со резолуција од 8 MP и екран со дијагонала од 4,7 инчи со резолуција од 1280х720 пиксели.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top