Рускиот претседател, наводно пред неколку дена во тек на еден телефонски разговор, му се заканил на шефот на Европската комисија, Мануел Баросо, дека кога би посакал, Киев може да го завземе за две недели. “Да сакам, Киев можам да го завземам за две недели”, е цитатот на заканата на Путин, за која пишува италијанската LaRepublica.
Путин ова го рекол реагирајќи на најавата за нови санкции на ЕУ кон Русија, а Баросо неговата изјава ја пренел на своите колеги на самитот на ЕУ, одржан минатиот викенд.
Веста за оваа закана се појавила во момент кога бројни украински фаункционери говорат дека нивната држава влегла во војна со Русија, во момент кога идниот и сегашниот претседател на советот на Европа предупредуваа дека војната би можела да се прошири и надвор од границите на Украина, и во момент кога претседателот на Германија Јоаким Гаук вели дека Русија со своите најнови потези ефективно го раскинува своето партнерство со Европа.
Истовремено, објавено е дека НАТО на претстојниот самит во Велс , има намера да постигне договор за воспоставување нови сили за брза реакција, што би било прв одговор на тој воен пакт на руските потези во Украина. Тие сили би се состоеле од 4.000 војници и би имале можност за реакција во рок од 48 часа од издавање на наредбата.
Новоименуваната шефица на ЕУ дипломатијата, Федерика Могерини, која на оваа функција ќе настапи за неколку месеци, предупредила дека нема воено решение за најголемата криза која ја погодило Европа во последните неколку децении.
Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмунсен рекол дека постојат неколку кризни жаришта на јужните и источните граници на НАТО кои би можеле да експлодираат секој момент.
На претстојниот самит би требало да падне и договор за зачестено одржување на воени вежби на државите членки кои граничат со Русија, а таму би требало да се пратат и арсенали со оружје кое ќе стои таму за секој случај.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град