Научници кои ги проучуваат климатските промени сѐ погласно предупредуваат дека во наредниот период на нашата планета ѝ се заканува апокалипса.
Во првата деценија на 21 век просечната температура на површината на Земјата пораснала за 0,47 степени Целзиусови. Научниците пресметале дека ако просечната температура достигне раст од еден степен тогаш ќе се зголеми испарувањето на водата во атмосферата за 7%. Тоа би довело до посилни струења и чести временски неприлики со обилни врнежи.
Зборот апокалипса, кој значи крај на светот, често се слушал и на првата меѓународна конференција на метеоролози, која се одржа во август во Монтреал. Скоро илјада научници од целиот свет, пет дена расправале за климатската иднина на планетата, а зклучоците воопшто не се оптимистички.
Протоколот од Кјото, кој стапи на снага пред десет години, е само празна буква на хартија. Тој подразбираше намалување на емисијата на штетни гасови и ефектите на стаклената градина, со што ќе се запреше понатамошното неконтролирано загревање на нашата планета, но земјите потписнички не го почитуваа. Поради тоа, велат научниците, продолжува глобалното затоплување а како последица е топењето на мразот на половите. Тоа предизвикува климатски промени со чести временски неприлики со несогледиви последици.
Извесно е дека во наредниот период на нашата планета ќе се менуваат екстремни зими и екстремни горештини и суши. Обилните врнежи, прогнозираат научниците, ќе предизвикуваат чести и неочекувани поплави и клизишта.
Веќе сега можат да се слушнат информации за џиновски бранови од 40 метри во некои мориња и океани, а до скоро беше права реткост да се сретне бран до 20 метри. Но, тука не е крајот на црните прогнози. Тие тврдат дека огромен ледник на Гренланд се топи и во случај глобалното загревање да продолжи, нивото на океанот би можело да порасне за 6 метри.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град