Од симбол на љубовта до симбол на омраза и ужас

Полни 12.000 години од симболот swastika

 |  инфодеск  | 

Swastika е симбол кој го користел еден од најомразените луѓе во историјата на човештвото и кој денес  го претстваува најмрачниот период во историјата на Европа – убиство на милиони луѓе и најдеструктивната војна во историјата на планетата. Но, Хитлер не бил прв кој го користел овој симбол, тој бил користен илјадници години порано, како силен симбол на многу култури.

За Хиндусите и Будистите во Индија и други азиски држави, swastika до ден денес се одржала како важен симбол. Може да се види на храмови, автобуси, такси возила или на корици од книги. Исто така swastika ја користеле и Грците, а може да се најде и во рушевините на древната Троја која постоела пред 4000 години. Древните Друиди и Келти го користеле swastika на многу артефакти и за нив претставувал своеврсно обележје на божество.

Но, зошто овој симбол бил толку важен па Хитлер одлучил да го присвои? Одговорот на ова прашање лежи во преводот, односно значењето на името swastika. Зборот доаѓа од Санскрт јазикот и буквалниот превод е “добро постоење”, “добар почеток” или “добра среќа”. Овој симбол кај други нации е познат под други имиња. Така, Кинезите го викаат “Wan”, Јапонците “Manji”, Англичаните “Fylfot”, Германците “Hakenkreuz”…

Во 1979 година, историчарот P.R.Sarkar, дал најточно значење на името swastika – “Вечна победа”. Нагласил дека како и секој симбол така и овој може да има и позитивно и негативно значење, во зависност како ќе се нацрта. Така во Хиндуизмот, десно ориентираниот симбол претставува симбл на божицата Vishnu и на сонцето, додека лево нацртаниот симбол претставува симбол на божицата Kali и магијата. Вакво двострано значење на симболите е прилично често во древните култури.

Најстар запис на swastika кој е некогаш пронајден е оној од Mezina во Украина, кој е изрезбан на слонова коска. Со вештачење е утврдено дека е стар околу 12.000 години.

Како и зошто овој симбол го користеле многу различни цивилизации кои немале допирни точки и зошто го користеле со исто значење, сеуште не е до крај разрешено. Иронично е тоа што овој симбол кој претставувал за многумина симбол на животот и вечноста на крај станал симбол на омраза и страдање.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top