Британските тајни служби го идентификувале мажот кој неодамна како припадник на исламската држава (IS) го егзекутира американскиот новинар James Foley, објавил весникот SundayTimes.
Убиецот на Foley е 23 годишник од Лондон, ги пренесува SundayTimes информациите на разузнувачките служби. Тој пред една година ја напуштил фамилијата во Лондон и се приклучил на припадниците на исламската држава во Сирија и Ирак.
Неодамна тој на Twitter објави фотографија на која држи отсечена глава, се додава во информацијата. Весникот пишува дека се тоа сите информации кои ги добил од разузнувачките извори.
IS го егзекутира Foley во знак на одмазда поради американските воздушни напади, а видеото со прикажувањето на егзекуцијата е објавено во вторникот на интернет. Егзекуторот е маж кој пред неколку месеци водел преговори за ослободување на една шпанска новинарка. Таа за Guardian изјавила дека станува збор за интелегентен, образован и многу религиозен маж.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град