Денес Шанел спаѓа во најлуксузните брендови од топ класата, но во времето на големата Коко тоа било екстравагантен исчекор за сите поими на модата.
Точно на 19 август се навршија 130 години од раѓањето на креаторката која била прв визионер во модниот свет, жена која го прослави софистицираниот стил и која ја однесе модната индустрија чекор нанапред. По овој повод ви носиме седум факти кои се малку познати за француската дизајнерка.
–Првите сознанија за ткаењето ги добила од калуѓерки – Коко Шанел комплетното знаење за ткаење и материјалите ги добила од калуѓерките во манастирот каде пораснала, а подоцна тие знаења ги искористила во креирањето на своите модели.
–Пред модната кариера, таа била пејачка – Да, добро прочитавте. Славната креаторка (правото име Gabrielle) пеела во славното париско бистро “La Rotunde”. Токму песната “Who has seen Coco in the Trocadero?”, која често ја пеела, ја инспирирало подоцна да го земе прекарот “Koko”.
–Имала афера со нацист – За време на Втората светска војна била во врска со германскиот офицер, Hans Gunther von Dinklage, кој бил еден од клучните германски шпијуни. Сеуште не се докажани индициите дека и самата креаторка била шпијун.
–Втората светска војна ја уништило работата на креаторката – Военото време е крајно контроверзно време за Шанел, која била обвинувана за аферата со нацистот. Обвиненијата ја присилиле Коко да го затвори својот бутик во 1939 година, но штом се завршила војната Коко се вратила на триумфален начин.
–Лондонското улично осветлување има гравирано лого на славната креаторка, две букви СС кои се преплетуваат – Кој шетал по Лондон, и тоа околу Вестминстер, можел да го забележи овој детал за кој се поврзува крајно романтична приказна по која војводата од Вестминстер бил толку заљубен во својата љубовница, па одлучил нејзините иницијали да се изгравираат покрај своето W. Но таа приказна или легенда е само легенда, со оглед дека сите во Лондон тврдат дека испреплетените букви значат “City Council”.
–Повеќето цитати кои и се припишуваат на Шанел не се нејзини – Иако била со бистар ум, сепак не стои зад цитатите кои и се припишуваат. На пример овој не е нејзин: “Каде некој би го ставил својот парфем?”, прашала млада девојка, а креаторката одговорила: “На местата каде мажот сака да ја бакне”.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град