Луганск: Бунтовниците киднапирале и убиле почесен конзул

Вооружените сепаратисти извршиле стотици киднапирања

 |  инфодеск  | 

Почесниот конзул на Литванија, Микола Зеленетс  е киднапиран и убиен во Луганск, упориштето на проруските бунтовници на истокот од Украина, напишал на социјалната мрежа Twitter, министерот за надворешни работи на Литванија Линас Линкевичиус, а пренесува cubiclane.com

“Токму сега дознав дека терористите го киднапирале и брутално го убиле почесниот конзул на Литванија во Луганск, Микола Зеленетс”, напишал министерот кој е во посета на Украина, а во текот на денот бил примен од украинскиот претседател Петро Порошенко.

Проруските сепаратисти од почетокот на конфликтот на истокот на земјата, од средината на април киднапирале повеќе стотици луѓе, меѓу кои биле и новинари, проукраински активисти, свештеници, меѓународни набљудувачи и обични граѓани кои им се чинеле како сомнителни.

Amnesty International во извештајот во јули обзнани дека вооуружени сепаратисти извршиле стотици киднапирања.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top